Американците го искалија бесот над Јапонија

Американските кошаркари по двете тешки победи над Чешка и над Турција, сиот бес за критиките го искалија над Јапонија. Американците славее со дури 53 поени разлика (98:45).
Како што покажува резултатот, на паркетот имаше само една екипа која уште на стартот поведоа со 13:0 и уште тогаш ги разрешија сите дилеми околу победникот. До крајот на првата четвртина, Јапонците постигнаа само девет поени, додека во третата беа уште полоши, дадоа само осум.

Најефикасен во репрезентацијата на САД беше Џејлен Браун со 20 поени, а одлично одиграа и Кемба Вокер и Харисон Барнс кои уфлрија 15 односно 14 поени.

Јанис Адетокумпо не дозволи Грција да ја снајде судбината на Турција која е елиминирана уште во групната фаза. Грците предводени од Адетокумпо со 103:97 го победија Нов Зеланд и обезбедија пласман во втората фаза.

Кошаркарот на Милвоки со 24 поени, 10 скокови и 6 асистенции беше прво име кај Грција во чии редови се истакнаа уште и Јоанис Папаретру со 16 поени и Ник Каларес со 14. Кај Нов Зеланд, Кори Вебстер беше најпрецизен на средбата со 31 постигна поен, но и тоа беше премалку за триумф.

Лесна победа издвојува и Франција која со 90:56 беше поуспешна од Доминиканска република. Нандо де Коло со 15 и Рудо Гобер со 13 поени беа најпрецизни кај „триколорите“ кои во втората фаза ги очекуваат дуели со Литванија и со Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот