Фото: „Икс“ / U.S. Department of State’s Rewards for Justice program

Америка распиша награда од 10 милиони долари за секој што ќе даде вредни информации за Моџтаба Хамнеи и за врвот на иранскиот режим

САД соопштија дека преку својата програма „Ривордс фор џастис“ нудат награда до 10 милиони долари за секој што ќе достави вредни информации за Моџтаба Хамнеи, врховниот лидер на Иран, како и за неколку други високи функционери на иранскиот режим и неговите воени и безбедносни структури.

Оваа иницијатива е дел од напорите на Вашингтон да помогне во идентификување и таргетирање на луѓе кои, според американската влада, раководат, организираат и спроведуваат терористички операции ширум светот.

На листата се наоѓаат лидери на Исламската револуционерна гарда, како и други високи ирански функционери, меѓу кои Али Асгар Хеџази, Јахја Рахим Сафави, Али Лариџани, министрите Ескандар Момени и Есмаил Хатиб, како и други клучни фигури во иранските безбедносни структури.

Според соопштението на Стејт департментот, вредни информации за локацијата, активностите или врските на овие личности може да доведат до награда до 10 милиони долари, а контакт со програмата може да се воспостави преку криптирани платформи или безбедносни мрежи како „Тор“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но ранет. Ова тој го изјави по извештаите дека бил повреден во нападите на САД и на Израел врз Иран кон крајот на февруари.

Неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во тие напади.

Трамп: Новиот ирански лидер најверојатно е жив, но е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот