Америка ѝ даде „здив“ на НИС: дозволи преговори за продажба на рускиот удел, но компанијата и натаму не смее да работи
Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК), надлежна за спроведување на санкциите на Министерството за финансии на САД, ѝ издала нова лиценца на компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС), објави „Данас“.
Препорачано
Со лиценцата, наводно, се дозволуваат преговори за продажба на рускиот удел во НИС, при што рокот е продолжен до 24 март, пишува весникот во кратка објава, повикувајќи се на свои извори.
Во исто време, како што се наведува, ОФАК не ѝ дозволил на НИС да продолжи со редовно работење во овој период.
Српската компанија НИС, која е во доминантна руска сопственост, на почетокот на декември соопшти дека нејзината рафинерија во Панчево го прекинува производството поради недостиг на сурова нафта, како последица на американските санкции воведени против субјекти поврзани со Русија, поради инвазијата врз Украина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


