Амбасадорот Коп за „360“: Ако земјата сака да стане членка на ЕУ мора да се справи со корупцијата

Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија/Фото: Скриншот/360степени

Холандскиот амбасадор во земјавата Дирк Јан Коп е еден од најгласните критичари на македонските власти кои не ги спроведуваат реформите кои се потребни за интеграција на државата во ЕУ, на трошењето и злоупотребата на пари од европските даночни обврзници кои не успеаја да го реформираат ниту политичкиот ниту судскиот систем, како и администрацијата во државата, и да го запрат тонењето во корупција и натамошното распаѓање на општеството и рушење на демократските вредности кон кои треба да се стремиме како идна членка на Европската унија.

-Најитната работа која е потребна е да се смени е менталитетот. Земјата навистина треба да сака да стане членка на ЕУ, навистина мора да е справи со корупцијата. Без тоа напредок во која било област е невозможен. Мислам дека би бил добар совет за земјата да биде исклучително внимателна во зачувувањето на својата прореформска демократија, заштита на слободата на говорот, да ја зачува релативната независност на медиумите… Без овие работи каков било напредок не можен. Што друго земјата треба да направи, зависи од Северна Македонија, таа е суверена земја и од неа зависи кои се нејзините приоритети. Таа вели дека сака да е членка на ЕУ и затоа треба, во таа рамка, прецизно да ги одреди приоритетите. Јасно е дека за Холандија најголема загриженост е владеењето на правото, но на крајот ова е ваша, а не наша земја, вели амбасадорот Коп во интервју за „360степени“.

Амбасадорот на Кралството Холандија нагласува дека во државава постои опседнатост со уставните измени само да се дефокусира јавноста од неопходните реформи и дека нема да следуваат промени на Преговарачката рамка од кои стравува ВМРО-ДПМНЕ и не сака да се донесат уставните измени.

-Рамката е испреговарана, не може да се промени и ако г. Мицкоски вели дека по изборите ќе издејствува подобар договор не мислам дека тоа воопшто е реалистично, дури и возможно. Северна Македонија го има најдобриот договор што може да го добие. Ако се сеќавате, Ковачевски стана премиер во приближно исто време кога и Петков стана премиер во Бугарија. Имаше многу прашање, имаше пет комисии кои требаше да преговараат под водство на француското претседателство и сето тоа беше сведено на едно прашање – малцинството во Уставот. Тоа беше договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, другото исчезна, што е добро. Мислам дека под овие околности ова е најдобар договор што Бугарија и Северна Македонија можеа да го добијат. Стартот на втората фаза од Меѓувладината конференција, кој зависи од уставните измени, нема ништо со самиот билатерален договор. Не, не гледам дека тоа ќе се промени, вели Коп за „360степени“ и додава дека крајно време е Северна Македонија да стане господар на сопствената судбина, а тие се тука за да помогнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот