Алушовски: Не сум задоволен од многу работи во играта на Вардар

фото: Слободен Печат/Драган Митревски

Вардар успеа да ја оствари и втората победа во вториот натпревар во СЕХА лигата оваа сеезона откако со 27:26 го совлада Нексе. Но и покрај победата, тренерот Стевче Алушовски не е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

– Секој натпревар со Нексе е приказна сама за себе и само поради нашите грешки тие успеаа да се вратат во игра. Имавме четири разлика, а потоа следуваше несфатлив пад во играта, особено во напад каде правевме премногу технички грешки кои резултираа со брз гол на ривалот. Да бидам искрен, не сум задоволен од многу работи. Првпат кажувам дека сум разочаран по еден натпревар, за тоа како го испочитуваа играчите она што беше договорено пред натпреварот. На претходниот дуел со Војводина бев задоволен од одбраната, но сега ако не беше Борко Ристовски и нивните промашени зицери, натпреварот лесно можеше да биде во корист на Нексе. Немаме многу време за анализа, жал ми е што победивме, а ќе си одиме дома малку разочарани. Сепак на секоја победа треба да се гледа од позитивната страна и утре со ладни глави ќе анализираме што беше добро, а што лошо и подготвени ќе заминеме за Порто – рече Алушовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот