Алушовски: Добивме лекција од Мешков

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар со пораз ги завршија настапите во групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарци во последното коло се поразени од Брест Мешков со 32:36 и во осминафиналето ги очекува двомеч со унгарскиот Веспрем.
Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски признава дека Брест Мешков беше подобар тим на теренот во СЦ „Јане Сандански“, но и дека ќе мора да се менуваат некои работи во иднина.

– Честитки за Брест Мешков за победата. Ние добро го отворивме натпреварот, добро игравме до 5:5, потоа направивме неколку несфатливи грешеки за натпревар од Лигата на шампионите.
Не бевме на посакуваното ниво во првото полувреме дозволивме да примиме 20 голови. Во второто полувреме беше многу потешко да се вратиме во игра и ќе треба да менуваме многу работи во иднина. Ова беше лекција за нас и му посакувам среќа на Мешков во осминафиналето – изјави Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот