Алиоски во „страшна“ форма, нека му ја мислат Словенците! (ВИДЕО)

twitter.com/RogalandWhites

И сезонава Лидс игра доста променливо во Чемпионшип, денеска во 11 коло ги разочара своите навивачи со пораз на гостувањето кај далеку послаборангираниот Милвол со 2:1.

Ако ништо друго, барем радува за нас голгетерската форма на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, што доаѓа во вистински момент пред новите репрезентативни обврски. Против Словенија во квалификациите за ЕП 2020 играме во Скопје на 10 октомври.

Уште во 14 минута Лидс остана со играч помалку поради црвениот картон на Берарди, а тоа веднаш го искористија домаќините со два погодоци во првото полувреме преку Валас и Бредшо.

Нашиот интернационалец Алиоски кој го одигра целиот меч успеа само да го ублажи поразот на Лидс на стартот од вториот дел.

За Алиоски ова е вкупно трет гол сезонава во Чемпиониш, првите два ги реализираше против Вест Бромвич и Стоук. На табелата Лидс е на петтото место со 20 бодови, два помалку зад лидерот ВБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот