Алиоски: Во Јанг Бојс ми порачаа да се откажам од фудбалот, а јас дојдов до Премиер лигата

фото: твитер

Езгјан Алиоски, наредната сезона со својот Лидс ќе биде дел од Премиер лигата, со што ќе стане петтиот македонски репрезентативец по Христов, Шаќири, Седлоски и Попов кој ќе игра во најатрактивната фудбалска лига.

ИНТЕРВЈУ Ѓорѓи Христов: Премиер лига, искрено посакувам Џани тоа да го почувствува што побрзо!

Алиоски во интервју за швајцарскиот весник „Блик“ открива колку му бил тежок патот од Премиер лигата, посебно што додека настапуваше за Јанг Бојс му беше порачано дека не е доволно добар.

Езгјан Алиоски/фото:твитер

– Овие денови размислував за тоа. Навистина е неверојатно. Во тоа време кога бев дел од Јанг Бојс ми рекоа дека не сум доволно добар за да бидам професионален фудбалер. Ова дојде откако поминав 10 години во академијата на овој тим. Немаше место за мене повеќе во Јанг Бојс, бев разочаран и тажен. Некои луѓе можеби ќе направеа нешто поинаку, но јас не сакав да се откажам од мојот сон. Тренирав со мојот татко и со постариот брат и работевме вежби кои ги правев додека бев дел од клубот. За среќа Шафхаузен кој се бореше за пласман во првата лига ми даде шанса. Бескрајно сум му благодарен на тогашниот тренер на Шафхаузен, Маурицио Јакобачи што ми даде шанса за нов фудбалски живот – вели Алиоски за „Блик“.

Преселбата во Шафхаузен не му донесе голема заработка, напротив, неговите родители му помагаа.
– Моите родители ме поддржуваа бидјеќи беше тешко да се издржи со таа плата што ја имав. Тие изнајмија мал стан за мене во Шафхаузен и ми купија мал автомобил за да можам да доаѓам дома. Мојот татко сега е навистина горд и среќен за мојот успех. Тој точно знае низ што поминав тогаш. Како моравме да се бориме за да играм фудбал во било кој клуб. Мојата мајка е исто така многу емотивна, имаше солзи во очите. Никогаш не земаа пари од мене, едноставно не сакаат. Татко ми, мајка ми и брат ми, сите тие работат и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Татко ми не можеше да го одбие автомобилот што му го купив – вели Алиоски кој е пресреќен што работи со тренер како Марсело Биелса.

– Марсело Биела не може да се опише со зборови, мора да го доживеете тоа искуство. Многу малку луѓе има како него, понекогаш ни раскажува приватни приказни кои брутално ве мотивираат. Замислете дека ништо не ни одеше против Дерби, а потоа поставивме тимски рекорд. Секој фудбалер претрча 12 или повеќе километри, е тоа е Биелса.

Фото: ФФМ

Фудбалерот на Лидс е пресреќен што е дел и од македонската репрезентација.
– Среќен и горд сум што играм за Македонија. Македонија ме контактираше и ме поддржуваше уште кога играв во втората швајцарска лига, а останатите не веруваа во мене. Навистина уживам да играм за Македонија – додава Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот