Алијанса за Албанците поднесе пријави против Мерко за поткуп и масовно вработување во предизбоната кампања

Алијанса за Албанците поднесе пријави против Рамиз Мерко/Фото: Колаж на Слободен печат

Алијанса на Албанците поднесе пријави против кандидатот и градоначалник на Општина Струга од ДУИ, Рамиз Мерко и други функционери за прекршување на Избирниот законик, поткуп и масовно вработување во предизбоната кампања.

Сурија Рушити, шеф на изборниот штаб на Алијанса за Албанците во Струга денеска на прес – конференција информира дека пријави се пуштени до Основното јавно обвинителство, Државната изборна комисијат и Државната комисија за спречување корупција покрај за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од ДУИ, Мерко и за директорите на болницата во Струга, на Неврологија, на градинката „8 Март” и на јавните претпријатија „Водовод и канализација” и „Комунално”.

Правниот тим на Алијанса на албанците забележа масовно прекршување на Изборниот законик, масовни градежни активности, асвалтирање улици во сите населени места во Струга, со неквалитетен асвалт и со огромни финансиски малверзации, без документација. Се соочуваме со масовно вработување од локалните и централните институции без никаков критериум и документ со фиктивни или усни договори, обивини Рушити.

Очекува институциите да делуваат и после изборите на 17 октомври, прекршителите да одговараат.

– Апел до граѓаните да не подлегнуваат на купување на нивната воља и прекршителите да ги казнат на 17 октомври, нагласи Рушити.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот