„Алибаба“ креира свој четбот кој ќе му конкурира на „Четџипити“

Алибаба / Фото EPA-EFE/AHMAD YUSNI

Кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ ги објави плановите за лансирање на сопствен производ во стил на вештачка интелигенција (ВИ) „Четџипити“ наречен „Тонгји Киавен“, пренесува „Би-Би-Си“.

Од компанијата велат дека ќе го интегрираат четботот низ бизнисите на „Алибаба“ во „блиска иднина“, но не дадоа детали за кога ќе го објават. Во последниве месеци, технолошките компании ширум светот ги претставија своите таканаречени четботови со вештачка интелигенција. Претходно оваа година, „Алибаба“ откри дека работи на ривал на најпознатиот четбот „Четџипити“.

„Тонгји Киавен“ грубо се преведува како „барање одговор поставувајќи илјада прашања“, иако „Алибаба“ не даде англиска верзија на името.

„Се наоѓаме во технолошки момент управуван од генеративната вештачка интелигенција“, рече претседателот и главен извршен директор на „Алибаба“, Даниел Џанг при лансирањето на „Тонгји Киавен“.

Компанијата соопшти дека „Тонгји Киавен“, кој може да работи на англиски и кинески, првично ќе биде додаден во „ДинкТок“, апликацијата за пораки на работното место на „Алибаба“.

Ќе извршува голем број задачи, вклучително и претворање на разговорите на состаноците во писмени белешки, пишување мејлови и изготвување деловни предлози, соопшти компанијата.

„Алибаба“ рече дека ќе биде интегриран и во „Тмол Џени“, кој е сличен на звучникот „Алекса“ на „Амазон“.

Интересот за генеративната вештачка интелигенција се зголеми по објавувањето на „Четџипити“ од „ОпенАИ“ поддржан од „Мајкрософт“ во ноември.

Генеративната вештачка интелигенција е способна да учи од минатите податоци за да создаде содржина што не се разликува од човечката работа.

„Четџипити“ може да одговара на прашања користејќи природен, човечки јазик, а исто така може да имитира други стилови на пишување, користејќи го интернетот како што беше во 2021 година како своја база на податоци.

Маршира новата генерација виртуелни сезнајковци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот