„Алибаба“ ги зголемува инвестициите во вештачка интелигенција по скокот на приходите за 34 отсто
Кинеската технолошка компанија „Алибаба“ денес ги објави резултатите за вториот фискален квартал што заврши на 30 септември, покажувајќи дека нејзините приходи од „облак компјутери“ пораснале за 34 проценти на годишно ниво на 39,8 милијарди јуани. Компанијата објави вкупен приход од 247,8 милијарди јуани (34,8 милијарди долари), што е зголемување од 5 проценти на годишно ниво и е над проекциите на аналитичарите.
Препорачано
Веста ги зголеми акциите на групата на њујоршката берза за околу 4 проценти во претпродажното тргување, дури и кога вкупната профитабилност на „Алибаба“ падна, објави CNBC- пренесува Политика. Извршниот директор на „Алибаба“, Еди Ву, изјави дека побарувачката за вештачка интелигенција продолжува брзо да расте и дека компанијата не е во можност да инсталира нови сервери со темпото со кое растат потребите на корисниците.
Досега, „Алибаба“ инвестираше околу 120 милијарди јуани во вештачка интелигенција и облачна инфраструктура во текот на изминатите 12 месеци. Ву посочи дека првично објавениот план за капитални инвестиции од 380 милијарди јуани во текот на следните три години би можел да биде недоволен ако продолжи сегашната побарувачка.
Прилагодената квартална EBITA на „Алибаба“ падна за 78 проценти на годишно ниво на 9,1 милијарди јуани, првенствено поради големите инвестиции, но инвеститорите се чини дека се подготвени да ги игнорираат притисоците врз краткорочната добивка.


