принтскрин Твитер

Алексеј Дјумин ќе го замени Шојгу и ќе биде идниот министер за одбрана на Русија ?

Поранешниот безбедносен агент на Кремљ и телохранител на Путин, Алексеј Дјумин е потенцијален кандидат за руски министер за одбрана. Разрешување на актуелниот министер за одбрана Сергеј Шојгу бараше шефот на Вагнер групата Евгениј Пригожин поради што се обиде и да исценира државен удар на 24 јуни годинава .

Додека групата Вагнер маршираше кон Москва за време на краткотрајниот бунт на Пригожин, тој изјави дека неговата цел е оставка на луѓето, однсно генералите кои ја водеа војната во Украина – Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов. По неуспехот на Пригожин и бунтот за остваурвање на целта , аналитичарите проценуваат дека сепак Путин планира да го смени Шојгу од министерската функција.

шојгу фото принтскрин јутјуб

Се претпоставува дека токму Дјумин може да седне во фотелјата на министерот Шојгу, а како информација доаѓа и податокот дека Дјумин и Шојгу работеле заедно одредено време во Министерството за одбрана.

Руските воени аналитичари се речиси сигурни дека Алексеј Дјумин „веројатно ќе стане новиот министер за одбрана“.

Се појавија и шпекулации дека Дјумин учествувал во преговорите со Пригожин пред белорускиот претседател Александар Лукашенко да посредува за договор за да се избегне „крвопролевање“. Кремљ соопшти дека според постигнатиот договор Пригожин ќе замине во Белорусија, а кривичната постапка против него ќе биде повлечена.

Независниот медиум Медуза во октомври 2022 година, цитирајќи извори блиски до Кремљ, објавија дека односите меѓу Дјумин и Шојгу кога работеле заедно во министерството не биле добри.

Институтот за проучување на војната, со седиште во САД,во својата анализа наведува дека не може да ги потврди шпекулациите дека Дјумин ќе го замени Шојгу, но дека „секоја промена во раководството на тоа министерство ќе биде значајна победа за Пригожин“.

Кој е фаворитот на Путин?

Роден во Курск, западна Русија, на 28 август 1972 година, Дјумин е поранешен агент на Федералната гарда (ФСО).

Во 2014 година, тој тајно ја водеше операцијата за извлекување на соборениот украински претседател Виктор Јанукович од Крим и го префрли на безбедна локација во Русија, за да избегне апсење од новите украински власти.

Тој, наводно, ја добил довербата на Путин со тоа што го спасил рускиот претседател од „сигурна смрт“ кога мечка се обидела да упадне во оддалечената планинска резиденција на претседателот.

Поранешниот телохранител на Путин регрутирал врвни воени инструктори за обука на новата армија оператори со беспилотни летала додека Русија се обидува да ја врати надмоќта во воздухот во својата војна против Украина.

„Од почетокот на специјалната воена операција Алексеј Дјумин е во постојана коордеинација т со руското Министерство за одбрана, со командата на единиците. Совладувањето на вештините за користење на беспилотни летала ќе им овозможи на воениот персонал компетентно да ги извршува поефикасно своите задачи“ од воздух, изјавил Дјумин.

Дјумин служеше како заменик-шеф на воената разузнавачка служба ГРУ и има воен чин генерал-полковник.
Путин во моментов го користи како личност од одверба која го надгледува собирањето воени резерви на бојното поле во Украина.

Дјумин се почесто се споменува на државната телевизија поради неговата лојалност кон рускиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот