Александар Тарабунов / Фото: Инстаграм/Александар Тарабунов

Александар Тарабунов се отвори за раскинувањето: „Се разочарав од љубовта, но научив од своите грешки“

Александар Тарабунов проговори за раскинувањето со неговата долгогодишна девојка Калина Поленак.

Поп-пејачот во емотивно интервју во емисијата „Животна приказна“ на МТВ рече дека е многу емотивен и дека го погодува кога некој ќе го разочара во љубовта.

„Многу сум емотивен. Многу работи си ставам на срце“, рече пејачот. На прашањето од водителката Здравкица Милиќ што најмногу го погодува, пејачот рече:

„За љубовта сум јас секогаш. Така што, ако некој те разочара во љубов, може да те погоди, мислам мене ме погоди“, изјави Тарабунов, а потоа додаде дека зборува од лично искуство.

„Па да, нормално, живи луѓе сме, на сите ни се има случено. Тоа е дел од животот, но, пак би рекол, сè се случува со причина. Ти било тешко некогаш и не си бил среќен“, рече пејачот.

Потоа водителката го праша конкретно дали ја прекинал долгата врска за која не сакал многу да зборува во јавноста, дали тоа многу го погодило и што научил од тој период.

„Да. Но, тоа е моја работа. Научив многу работи, да. Затоа велам, сè е со причина. И дури некогаш си викаш: ‘Па, ова да не се случело, немаше ова и ова и ова да ми се случи’. Научив од сопствените грешки и многу почнав да читам книги за самосвест“, рече пејачот и потврди дека книгите се лек.

Претходно, пејачот рече дека е во својата најдобра верзија досега и откри дека здраво се храни, редовно вежба и слуша квалитетна музика, а потоа се наврати на книгите за самосвест.

„Еден стих да ти се вреже во мозок, тука си во плус, си научил нешто. Комплетна е таа промена, би рекол, значи сè мора да е поврзано: добра исхрана, легнување порано навечер, вежбање. Почнав да се туширам со ладна вода, што е многу добра работа. Секој ден по двапати се туширам со многу студена вода. Тоа е многу здрава работа и ти дава енергија во текот на денот, мислиш дека ќе полеташ“, рече пејачот.

Тарабунов раскажа и за своето детство, за вредните совети што ги научил од татко му, пејачот Ванчо Тарабунов, и рече дека многу му недостигаат колегите од „ДНК“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот