Алекс Фергусон не сакаше да го напушти Манчестер јунајтед, не му беа исполнети две желби

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Легендарниот шкотски менаџер Алекс Фергусон се пензионираше во 2013 година откако повеќе не можеше да го води Манчестер јунајтед. Но, и натаму го гледаме на трибините на „Олд Трафорд“ и често се зборува дека е многу влијателна личност кога се во прашање одлуките на семејството Глејзер.

Она што е интересно е што Фергусон не се повлече само така од фудбалот, на сè му претходеше неостварена желба по која само кажа „крај“. Полни девет години откако му беше договорено „пензионирањето“, неговиот поранешен фудбалер Патрис Евра тврди дека ништо од ова немало да се случи доколку шефовите на клубот му ги исполниле желбите кои не биле едноставни.

На Фергусон му здодеа Јунајтед да ги продава своите најдобри играчи, збесна кога на пример си заминаа Бекам и Роналдо, па сакаше тоа да се смени од корен. За да стигне до третиот пехар во Лигата на шампионите, Фергусон на хартија само напиша двајца играчи – Кристијано Роналдо и Герет Бејл, но немаше средства да ги ангажира.

– Две недели пред крајот на првенството во 2013 година, се сеќавам дека Фергусон дојде кај мене и ми рече „Патрис, гледам дека медиумите пишуваат дека ќе заминам. Но, верувај ми, ќе бидам тука уште 10 години“. Фергусон ми рече дека мораме да ја освоиме повторно Лигата на шампионите и затоа му требаат двајца играчи: Кристијано Роналдо, кој тогаш беше во Реал и Герет Бејл. Му требаа околу 200 милиони фунти, но управниот одбор на Јунајтед не се согласи со тоа и така… – изјави Евра во потсетување за „Бетфер“ што дефинитивно изненади многу фанови на Манчестер јунајтед.

Да потсетиме, Фергусон го водеше клубот од 1986 до 2013 година и во тој период двапати ја освои ЛШ и се закити со 13 пехари во Премиер лигата. Од неговото заминување, Јунајтед не беше ни блиску до титулата во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот