Алегри и дефинитивно се враќа на клупата на Јувентус, Роналдо си заминува од Торино

epa07339565 Juventus' coach Massimiliano Allegri reacts prior to the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Parma Calcio at the Allianz stadium in Turin, Italy, 02 February 2019. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Масимилијано Алегри од следната сезона повторно ќе го предводи Јувентус. Бројни извори од Италија тврдат дека челниците на Јувентус го избраа Алегри да биде наследник на Андреа Пирло и со тоа ја признаа својата грешка кога пред две години му дадоа отказ.

Тогаш Алегри беше заменет со Маурицио Сари кој во Торино остана само една сезона по што на клупата седна тренерот-дебитант Андреа Пирло кој не ги оправда очекувањата и згора на тоа ја загуби шампионската титула во Серија А.

Враќањето на Алегри на клупата на Јувентус значи дека од Торино си заминува најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо. Роналдо не е во добри односи со тренерот, а новинарот Адријано Дел Монте, кој ги следи случувањата во Јувентус, тврди дека Португалецот на лето ќе си замине.
Дел Монте исто така тврди дека Пирло ќе остане во Јувентус и тоа како тренер на вториот тим за да продолжи да се развива како тренер.

Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус дојде на местото на Антонио Конте и освои пет шампионски титули во Серија А, а притоа играше и во две финалиња во Лигата на шампионите кои ги загуби од Барселона (2015) и Реал Мадрид (2017).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот