Албанска пејачка сними спот со ЕКСПЛИЦИТНИ СЦЕНИ во православна црква во Косово! (ВИДЕО)

printskrin

Балканските медиуми деновиве пишуваат за спотот на пејачката Албана Азизи, кој е снимен во црквата Свети Никола во Ново Брдо во близина на Приштина.

Албанската пејачка не чувствувала дека треба да бара дозвола од српската православна црква и поради овој спот наишла на големи осудувања од јавноста.

принтскрин

„Оскудно облечена, потпрена на православниот храм, пее “провокативен“ текст“!, пишуваат медиумите за спотот на пејачката.

„О, мој боже, толку е добро што не сакам да си заминам. Дури и мајка ми знае дека си лош за мене. Одам со другарките да пијам, облеков фустан, срцето ќе ти излезе“ – зборовите од песната “Sa mire ta bona“ која ја пее младата пејачка.

Албана Азизи по петекло е од Албанија, но има швајцарско државјанство. Родена е во Берн, студира стоматологија и музика на конзерваториум, а сега одлучила да се пробие и во музичкиот свет.

Проверениот рецепт за привлекување внимание на снимање на провокативен спот во црква дефинитивно не го измисли Албана. Нејзината колешка Ера Истрефи уште во 2014-та година сними контроверзен спот во храмот на Христос во Приштина. И тогаш реакциите беа исти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот