Алармантно: 27-годишно момче едвај спасено во прилепската болница, зел нерегистриран лек за дијабетес, докторите предупредуваат

Д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница, на неговиот фејсбук-профил, апелира до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира лекот СУГАРНОРМ за шеќерна болест, откако синоќа успеал да спаси пациент на 27- годишна возраст донесен во тешка состојба.

Според него научното здружение на ендокринолози и дијабетолози се имало изјаснето дека кај нас лекот не е регистриран, ниту пак се препорачува, објави порталот Зенит Прилеп.

„Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгубен од користење на таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест СУГАРНОРМ кој 27 годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза. За среќа, после целовечерна борба пациентот стабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокринологија. Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози веќе се изјасни дека кај нив не е регистриран, ниту пак се препорачува. Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира СУГАРНОРМ. Исто така апелирам до пациентите и сите останати да на своја рака не го земаат истиот или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опасност – апелира на ФБ д-р Златко Савоски.

Во коментарите, стои препорака да не се земаат лекови на своја рака оти последиците можат да се фатални. Бројни се пофалбите за докторот кој ја извојувал битка со поддршка за поширока едукација на населението, но и мерки кои треба државата да си ги преземе во однос на сите понуди со кои секојдневно граѓаните се преплавени насекаде.

Некои коментираат дека голем е бројот на пациенти кои побрзо ќе се решат на своја рака да го земат овој многу рекламиран „лек”, отолку да консултираат стручно лице. Затоа што компликациите и последиците се сериозни, медицинските лица и граѓаните очекуваат официјално за лекот да се изјаснат релевантните медицински авторитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот