Актерот обвинет за силување го обвинува својот адвокат: Сака повторно да излезе на суд
Актерот од популарната серија „Веселите седумдесетти“, Дени Мастерсон (49), пред две години беше осуден за силувања кои се случиле во неговиот дом во Холивуд Хилс во 2003 година.
Препорачано
Сега тој го обвинува својот адвокат, за кого тврди дека не повикал клучни сведоци за време на судењето, поради што бара пресудата да биде поништена, пишува „Пејџ Сикс“.
Во документите што ги доставил до судот, актерот тврди дека неговиот адвокат Филип Коен испрашал само двајца од потенцијалните 20 сведоци кои можеле да сведочат во негова одбрана. Дополнително, тој наведува дека адвокатот не се обидел да стапи во контакт со сведоци за кои тврдел дека дале „изјави за полицијата и истражителите“.
Освен тоа, Мастерсон тврди дека адвокатите на Саентолошката црква го советувале Коен да повика нивни членови за да се борат против обвиненијата, но тој наводно не го направил тоа. Некои од тие лица, како што се наведува, биле пријатели на жртвите и претходно слушнале поинакви описи на спорните настани. На судењето често се споменувала и Саентолошката црква.
Тој дополнително тврди дека полицијата била пристрасна и дека актерката Лија Ремини, позната како критичар на Саентолошката црква, влијаела врз истрагата. Во документот се наведува дека таа делувала како некаква советничка на обвинителството и дека нејзиниот личен конфликт со Мастерсон наводно влијаел врз процесот.
Инаку, Мастерсон беше осуден на 30 години до доживотен затвор за силување на две жени. Тој ќе има право на условен отпуст кога ќе наполни 66 години, а судијата го одби неговото барање за кауција бидејќи „нема сопруга кај која би можел да се врати дома“. Бижу Филипс, неговата тогашна сопруга, по пресудата поднесе барање за развод.


