Актерот Двејн Џонсон присуствувал на раѓањето на сите свои ќерки: Жените се неверојатни битија!

Инстаграм

Двејн „The Rock“ Џонсон не се срами да ги прифати сите татковски обврски. Неодамна повторно искрено проговори за тоа колку им се восхитува на жените и дека присуствувал на пораѓањето на сите 3 деца.

„Жените имаат резервен естроген по кого посегнуваат во таа болка и тоа е неописливо да се види. Тоа ме потсети зошто жените раѓаат, а не мажите“, рекол актерот.

Неговата најстара ќерка Симон Александра има 18 години, а со сегашната партнерка ги има 4-годишната Јасмин и 2-годишната Тиана.

„Бев таму, секако, јас сум татко. Веднаш сакав да ги видам. Јас сум маж, имам гордост, но не се срамам да кажам дека жените се подобри од нас“, додал тој.

Признава дека е горд што е татко на девојчиња, но во една прилика се пошегувал дека се надева како еден ден ќе добие син.

„Не можам да направам момче, но се трудам, а тоа е забавниот дел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот