Актерката од хит-серијата „Ривердејл“ ја откриј тајната за совршено тело! (ФОТО)

Инстаграм

Маделин Петс фасцинираше многумина млади со својата витка фигура која ја покажа во хит-серијата Ривердејл. И самата е горда на својот изглед, но повеќе ја фасцинира што се може да направи човечкото тело.

„Восхитена сум со работите кои може да ги направам. Што повеќе учам за сопственото тело, тоа повеќе ме фасцинира“, рекла за Women’s Health.

инстаграм

Таа многу се движи и тренира со Стефан Пастерин.

„Што повеќе се движам, толку сум посреќна. Мислам дека најголемата болка ми е во стомачните мускули и ја сакам бидејќи знам дека нешто се случува“, објаснила и истакнала дека таа болка ја предизвикуваат вежбите кои траат шест минути.

инстаграм

„Доста ме „убива“ и тоа е најтешкото нешто што сум го пробала. Тренерот тоа го вика шест минутен тренинг и не ми кажува уште колку време ми останало бидејќи мојот мозок не би можел тоа да го поднесе“.

Секако, следува и здрав режим на исхрана.

инстаграм

„Во секој оброк вклучувам протеини бидејќи сум свесна колку важен извор на енергија се“, вели актерката која сака и јаглехидрати.

„Секогаш појадувам, а понекогаш до 17 часот не стигам да ручам бидејќи заборавам и тогаш приметувам дека немам енергија“, заклучила Маделин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот