Ако вака играме, треба да се плашиме и од Косово (ВИДЕО)

Фото: ФФМ

Австрија доминираше во текот на целиот дуел и заслужено ги освои трите бода од пресметката на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски после мечот истакна дека овој пораз е заслужен, но и дека не се загубени квалификациите.

Слободен печат/Арбнора Мемети

За него ова не е враќање во реалноста, а дури и австрискиот стратег Франко Фода не ја „отпишува“ нашата селекција од трката за една од првите две позиции кои водат на ЕП.

Формацијата 3-5-2, но дали треба да си дозволиме против така физички и брзи репрезентации како Австрија. Дефанзивците премногу се фокусираа на Арнаутовиќ, па им дадовме шанса, „слобода“ на нивните крила да ги користат шансите..

Ангеловски рече дека шансите за континенталниот собир 2020 не се загубени, освен квалификациите, тука е и втората алтернатива преку Лигата на нации и наредната година на крајот од март и полуфиналниот дуел на наш терен против Косово.

twitter.com/NOCKOSOVO

Значи, само две победи ни се потребни за историско учество на евро шампионатот.

Ако не успеме преку квалификациите, тогаш фокусот ќе биде Косово кој има пак одличен старт во квалификациите и синоќа изненади со триумф на гостувањето кај Бугарија. Освен тоа Косово веќе 14 натпревари не знае за пораз, што е секако сериозно предупредување за нашите најдобри фудбалери. Не се поразени косовските играчи од 13 ноември 2017 година.

Сега во групата А Косово е на третата позиција со пет бодови, од три меча нема ниту еден пораз, и заостанува само еден бод зад водечките Англија и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот