Ангеловски: Потфрливме на физички план, не се загубени квалификациите!

Селекторот Игор Ангеловски смета дека овој пораз е заслужен, но не значи дека ќе ја наруши и атмосферата меѓу играчите.

Шансите за пласман на Европското првенство 2020 не се загубени, има и бараж преку Лигата на нации. Се додека има шанси, ќе се борат популарните „рисови“.

Слободен печат/Арбнора Мемети

– Верувам во фудбалерите, верувам дека се овие најдобрите во досегашната историја, но не се согласувам дека се загубени квалификациите. Не сме далеку од второто место, заостануваме само три бода, не се предаваме.

На физички план потфрливме, моравме да бидеме максимално подготвени, потфрливме. Не натрча противникот, до пеналот физички париравме, после паднавме целосно. Голем хендикеп е тоа што загубивме од фаворитите на домашен терен – изјави Ангеловски после мечот.

Слободен печат/Арбнора Мемети

За него ова не е враќање во реалноста, порази од две поквалитетни селекции, против Полска несреќно, а  овој пораз од Австрија е заслужен. Ќе се обидат да го надополнат ова на гостинските дуели.

– Противникот вечерва имаше многу повеќе ситуации за реализација, Димитриевски беше одличен. За позитивен резултат мислам дека требаше да притиснеме кога водевме 1:0, но не ги искористивме шансите преку Пандев и Несторовски – додаде Ангеловски на прес конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот