Акција за отстранување на диви приклучоци во Скопје, следат прекршочни постапки
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел заштита на водоснабдителниот систем континуирано спроведува акции за отстранување на дивите приклучоци. Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во последната акција за отстранување на диви приклучоци, спроведена од екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје беа отстранети диви приклучоци во Долна Матка, село Крушопек и Сарај.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.


