Академик Љупчо Коцарев добитник на највисоката награда што ја доделува Општина Охрид

Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид"/ Фото: МИА

Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид”.

Тоа денеска го соопшти градоначалникот Кирил Пецаков, кој појасни дека до Комисијата за одбележување празници и манифестации пристигнале шест предлози, од каде со едногласна согласност до него бил доставен предлогот токму академик Коцарев да биде годинашниоит лауреат.

Претседателот на Општинската комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Перчо Божиноски, пак, истакна дека Повелба по повод патрониот празник ќе им биде доделена на активистката за права на лицата со ретки болести Гордана Лолеска, на Еколошкото здружение „Еко Фап” и постхумно на туристичкиот и културен работник, Мишо Јузмески.

Наградите на лауреатите вообичаено им се врачуваат на Свечената академија што Општина Охрид ја организира по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски и патрон на градот.

Наградата Патрон на градот ја доделува Градоначалникот за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во земјава и светот.

Повелбите ги доделува Комисијата за награди за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот