Академија ФПМ со триумфот над Работнички се искачи на третото место на табелата

Копаркарите на Навико Академија ФМП лесно излегоа на крај со Работнички/ фото: КФСМ

Кошаркарите на Навико Академија ФМП ја остварија третата победа во ред Првата лига и се искачија на делба на третата позиција на табелата заедно со Гостивар. Последна жртва на Академија ФМП е Работнички кој е совладан со 83:70.

По израмнетата прва четвртина, Академија ФМП ја доби втората четвртина до убедливи 25:15 и го трасираше патот до победата. На стартот од второто полувреме Работнички намали на 47:42, но тоа беше се што успеаја да направат гостинските кошаркари.

Домаќините брзо ја вратија двоцифрената предноста која ја задржаа до крајот на средбата. Крстајиќ со 25 поени беше најпрецизен кај Навико Академија ФМП, додека на спротивната страна се истакна Балмазовиќ со 18 постигнати поени.

Кошаркарите на ТФТ го совладаа Гостивар со 95:86 и ја продолжија битката за подобра позиција пред стартот на плеј-офот.

Гостите беа подобар тим во првото полувреме кое го добија со 42:52, но во второто полувреме сосема поинаква слика на теренот. Домаќините третата четвртина ја добија со убедливи 32:19 ги свртеа работите во своја корист и на крајот славеа со 95:86.

Најдобар кошаркар кај ТФТ беше Хортон со 32 поени и 15 скока, а добра партија прикажа и Николов со 19 постигнати поени. Кај Гостивар се истакнаа Ворку со 21 поен и Јанески со 16 постигнати поени.

Најубедливата победа ја оствари шампионот МЗТ Скопје кој со 96:70 го победи тимот на Ангели. Предводник на „металците“Дејвис со 19 поени и 10 скокови, 17 постигна Рикиќ, а Војдан Стојановски, Мекиќ и Милошевиќ дадоа по 13 поени, додека кај гостите најрасположени за игра беа Атанасов со 22 и Раме со 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот