АХВ: Повлечена и уништена пратка од отровниот сусам од Индија

Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на ЕУ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  добила три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

– По приемот првата нотификација во септември лани, инспекциските служби на Агенцијата, извршија вонредна контрола кај увозникот, а 280 килограми сусам се повлечени од промет и безбедно поништени на депонијата Дрисла. За вториот случај, на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините – појаснуваат од АХВ за „Слободен печат“.

Вчера, српската агенција Танјуг, објави дека граничната фитосанитарна инспекција на Србија, вратила пратка од 17,8 тони сусам од Индија, поради присуството на етилен оксид во количина поголема од дозволеното. Хрватската агенција Хина, пак, јави дека Хрватска и другите европски земји со месеци се преплавени со контаминиран сусам увезен од Индија, кој го содржи канцерогениот пестицид етилен оксид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот