АХВ: Максимално да се почитуваат препораките од СЗО за спречување на коронавирусот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ соопшти дека во координација со Ветеринарната комора ги информира ветеринарните друштва за максимално почитување, но и информирање на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот преку животните и храната од животинско потекло со оглед дека станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло.

– СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна (сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере. Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи. Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето контакт со лица кои имаат симптиоми на настинка или вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на корона вирусот, потсетува Агенција за храна и ветеринарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот