Ахмети: Партнерството со СДСМ треба да продолжи, Заев се извини

Али Ахмети Фото: Драган Митрески

Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи“, рече во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Запрашан Ахмети за последните релации со партијата која доби најголем број на мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања, тој вели СДСМ и ДУИ направиле доста работи заедно за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.

Тој потенцира дека нема несогласувања во ДУИ, и оти сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада.

-ДУИ ќе даде зелено светло за новиот состав на Влада. Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада, рече Ахмети.

Ахмети вечерва во „Click Plus“ зборуваше и за изјавите на Зоран Заев кои беа дадени во време на кампањата како и гласот кој наводно е на Заев кој се слушаше во т.н бомби објавени исто така во време на изборната кампања.

-Зоран Заев се извини за тоа што ги нарече Албанците дека не вредат 5 пари- рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот