Ахмети: Имавме идеали да нема граница со Албанија, но прагматизмот победи, избравме Албанците да бидат господари

Колаж: Слободен печат / Али Ахмети / Фејсбук

Имавме идеали да нема граница со Албанија, но прагматизмот, а не фанатизмот, победи, а Албанците денеска се рамноправни граѓани во државава ,рече лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска од меморијалниот комплекс на ОНА (УЧК) во Сопот.

Тој истакна дека иднината на сите во Македонија е во ЕУ, во која заедница практично се бришат границите, па така и границите со Албанија и Косово, кога еден ден трите држави, како што рече, ќе бидат членки на ЕУ.

„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, рече Ахмети, пренесува ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот