Афлатоксинот во рефус грицките е поштетен од оној во млекото
Иако дозволеното ниво на афлатоксин во млекото во Србија е повисоко отколку во ЕУ, тој производ е сепак безбеден, изјави за Н1 Светлана Станишиќ, професорка на Универзитетот Сингидунум. Србија повторно не го намалува дозволеното ниво на афлатоксин во млекото. Колку е опасна моменталната количина на афлатоксин во млекото и дали оваа одлука го загрозува извозот на домашното млеко на странските пазари? Станишиќ вели дека млекото е биолошки вредна храна и треба да се користи во исхраната.
Препорачано
-Тоа што ни е повисоко дозволеното ниво на афлатоксин отколку во ЕУ, не значи ништо, бидејќи и нашето и нивото на ЕУ се безбедни за здравјето, нагласи таа и додаде дека во Америка максимално дозволеното ниво на афлатоксин е уште поголемо. Станишиќ потсетува дека афлатоксинот е канцерогена супстанца, но дека видот што се наоѓа во млекото е помалку опасен од оној што се наоѓа во житните производи.
-Ако забележите било каква мувла во грицките кои гикупувате рефус, веднаш фрлете ги. Бидејќи афлатоксинот не се уништува ниту со термичка обработка. Внимавајте на сè што е зрнесто, на она што е во големи вреќи и што се транспортира на долги растојанија“, предупредува Станишиќ.


