Аферите кои го одведоа Џонсон до пропаст: Три сексуални скандали и ковид-забавите

Борис Џонсон фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска разговараше со лидерот на ториевците и одлучи да поднесе оставка. Членовите на неговиот кабинет и партија почнаа да го напуштаат „бродот што тоне“, а сето тоа се случи како резултат на неколку скандали. Заедно со забавите за време на ковид „заклучувањето“ во редовите на ториевците, се насобраа и сексуалните скандали.

Во екот на скандалот, голем број државни функционери од администрацијата на Џонсон , околу 55, поднесоа оставки во последните 24 часа.

Британски парламент фото: EPA-EFE/PARLIAMENTLIVE TV

Иако ова секако не е прв скандал на оваа неговата администрација, се чини дека извинувањето на премиерот што не знаел дека пратеник кој беше обвинет за сексуални престапи не може да извршува одредени функции и дека треба да си го врати мандатот беше последното што ја „прели чашата“ на незадоволството, што им даде аргумент на неговите политички опоненти да го напаѓаат и да бараат од него оставка

Напаствувал мажи

Пратеникот Крис Пинчер беше обвинет дека пијан непримерно допирал двајца мажи во приватен клуб, поради што Џонсон мораше да ги објасни своите сознанија за тоа како одговор на пратенички прашања. Наводно за тоа бил информиран, но не презел ништо.

„Пиев премногу. Се ставив себеси и другите во неволја, што е последното нешто што сакав да го направам“, ја цитира Би-Би-Си како Пинчер моли за прошка и поднесува оставка на функцијата

Скандали со колегите

Џонсон го навлече гневот на јавноста врз себе поради комплицираните односи со колегите. Откриено е дека тој се обидел да прикрие дека ториевскиот ветеран и поранешен министер за Брегзит Овен Патерсон ги прекршил правилата за лобирање со постојано користење на својата позиција како пратеник за промовирање на компании кои му плаќале. Џонсон дури се обиде да ја спречи казната на Патерсон и да го преработи правилникот.

Гневот на јавноста падна и врз премиерот откако тој застана во одбрана на Мет Хенкок, министер фатен во прељуба. Британските таблоиди беа преплавени со фотографии на кои се гледа како оженетиот Хенкок ја бакнува својата асистентка. По извинувањето на Хенкок, Џонсон рече дека го прифаќа извинувањето и смета дека случајот е затворен. Јавноста не беше среќна што премиерот бранеше прељубнички министер, но на Џонсон не му беше грижа. Тој дури и не сакаше да каже дали го заменил Хенкок или Хенкок самиот си поднел оставка.

Џонсон партигејт фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Забава за време на ковид „заклучувањето“

Скандалот по кој ќе остане запаметен мандатот на Борис Џонсон и кој повторно го доведе на работ на пропаст е „Партигејт“. Станува збор за забавите кои се одржуваа во премиерската резиденција на Даунинг стрит бр. 10 додека остатокот од земјата беше во строга карантин поради пандемијата на корона вирусот.

Џонсон и неговата сопруга Кери ги игнорираа правилата и заклучувањето и се забавуваа со алкохол во присуство на голем број луѓе. Во тоа време, останатите Британци не можеа да се забавуваат, бидејќи беше дозволен собир од најмногу две лица.

Борис и Кери Џонсон/ Фото EPA-EFE/John Sibley /

Приватен живот и љубовници

Џонсон веројатно го има најбурниот приватен живот. До неодамна не беше ни јасно колку деца има ,додека самиот случајно откри дека има шест, не сакаше ни да го признае татковството на едно дете, а неговите љубовници со задоволство споделуваа дури и детали од спалната соба со медиумите. . Во медиумите се пишуваше дека тој всушност има осум деца. Тој беше во врска со Џенифер Аркури. Јавноста откри и дека за време на врската со Џенифер, кога бил градоначалник на Лондон, им помагал на нејзините компании да работат со градот.

Роденденот на Борис Џонсон/ Фото ROTA / Camerapress / Profimedia

Одбивање на поддршката

Еден од сопартијците на Џонсон изјави дека Џонсон е „готов“ и дека „не треба да ја продолжува агонијата“.

Би-би-си јавува дека Џонсон се обидувал да утврди како ќе се однесуваат другите министри, односно дали ќе го поддржат Тој имаше имаше подршка од неколку министри, меѓу кои најголема подршка од шефицата на британската дипломатија Лиз Трус.

Видео на денот