АЕК Ларнака официјално го промовираше Спировски

фото: aek.com.cy

Кипарскиот фудбалски клуб денеска официјално го промовираше новото летно засилување, Стефан Спировски.

Македонскиот репрезентативец во наредните две години ќе ги брани боите на составот на АЕК Ларнака.

Во овој тим веќе настапуваат двајца наши интернационалци, Иван Тричковски и Даниел Мојсов кој неодамна ја продолжи соработката со оваа екипа.

29-годишниот играч од средниот ред досега ги бранеше боите на Хапоел Тел Авив, а претходно беше дел уште од Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар и Ференцварош.

Спировски вели е дека среќен и задоволен што е во новиот клуб и ќе го даде максимумот за остварување на целите и ги направат среќни навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот