Адвокати од „Титаник 2“: Не ни е во интерес предметот да застари, сакаме ослободителна пресуда

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Адвокатите на повторно осудените Сашо Мијалков, Мендух Тачи и другите во случајот „Титаник 2“ не се задоволни од двегодишните затворски казни, најавуваат жалби и очекуваат дека во второстепената на Апелацискиот суд ќе го добијат случајот и нивните клиенти ќе бидат ослободени.

– Тоа што го направи судијата е авантура. При изрекувањето на пресудата тој се повикуваше на законските одредби за кои Апелацискиот суд веќе кажа дека немаат основа во случајов. И очекувам дека на Апелацискиот суд тоа ќе се цени. Нам не ни е во интерес предметот да застари, сакаме ослободителна пресуда – изјави еден од адвокатите на Мијалков, Љупчо Шврговски.

Тој, посочувајќи дека, според законот, правосилната одлуката на Управниот суд има сила на закон, прашува како може со обвинение да се дерогира одлука на Управен суд, а притоа не докажано надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите кој што одлучуваат.

– Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган и од кого е одлаган. Дали одбраната е виновна за тоа или некој друг? Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго. Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – категоричен е Шврговски.

Речиси идентично објаснување даде и неговиот колега Димитар Дангов, кој го застапува поранешниот член на ДИК Сашо Срцев. И Дангов, веднаш по изрекувањето на пресудата, најави жалба поради тоа што на повтореното судење за неговиот клиент и за останатите поранешни членови на ДИК беше извршена преквалификација на кривичното дело, како и поради неколку други, како што рече, суштествени повреди на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот