Адеми добил богата понуда и од Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Аријан Адеми би можел да го напушти Динамо Загреб во зимскиот преоден рок, а најновата понуда која пристигнува на негова адреса е од Саудиска Арабија.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Адеми добил богата понуда, но не се открива името на клубот. Пред само неколку дена Адеми се поврзуваше и со Валенсија како голема желба на Џенаро Гатузо. Наводно Гатузо инсистирал на искусен играч за врска, а Адеми и тоа како се вклопувал во неговите критериуми.

Адеми во минатото на неколку пати имаше можност да го напушти Динамо, но на крајот одлучуваше да остане. Со текот на годините Адеми прерарсна во вистинска легенда на „модрите“ и е еден од милениците на навивачите. Останува да се види сега колку е сериозна оваа понуда од Саудиска Арабија каде што веќе настапува Дарко Велковски во тимот на Ал-Итифак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот