Валенсија и два клубови од Премиер лигата го следат Аријан Адеми

фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Валенсија предводена од италијанскиот тренер Џенаро Гатузо е во потрага по нов играч од средниот ред.

Како што пренесува шпанската „Марка“, клубот од Местаља ја следи ситуацијата со македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Адеми (31) е капитен на хрватскиот шампион Динамо Загреб и со најмногу настапи во дресот на „модрите“.

Изворот вели дека нашиот играч е подготвен да направи скок во понкурентна лигата и ја прекине соработката со Динамо.

Валенсија не е единствената која е во трката за потписот на Адеми, Шпанците мора да донесат одлука што е можно поскоро бидејќи два клуба од Премиер лигата (не се познати нивните имиња) со повеќе финансиски средства кои исто така се обидуваат да го убедат репрезентативецот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот