Адел ја купи луксузната вила на Силвестер Сталоне: Имала само еден услов за куќата вредна 58 милиони долари

Адел Силвестер Сталоне
Фото: Profimedia

Минатата година, британската пејачка Адел купи луксузна вила во гламурозниот град Беверли Хилс. Оваа куќа претходно беше во сопственост на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, а пејачката ја купи за 58 милиони долари.

Актерот сега ја сподели информацијата дека пејачката имала еден услов при купувањето на куќата – таа сакала да ја задржи статуата, инспирирана од филмскиот серијал „Rocky“, во кој главната улога Роки Балбоа ја игра токму Силвестер Сталоне.

Новинарот од „Вол стрит џурнал“ му го постави прашањето: „Дали сакавте да ја понесете статуата со вас?“, на што актерот одговори со: „Да“.

„Но, таа рече дека нема да се договориме ако ја понесам статуата со себе. Дека тоа ќе уништи сѐ. Таа ја сакаше статуата“, раскажа Сталоне.

Фото: no [email protected] / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Наводно, Адел целосно го реновирала својот нов дом, но статуата е единственото нешто кое останало непроменето на имотот вреден милиони. На актерот, пак, не му пречи што пејачката решила да го промени изгледот на куќата.

„Ми се допаѓа она што го прави, навистина е прекрасно“, изјави тој.

Вилата се протега на два ката, има осум спални соби и 12 бањи, а дизајнирана е од архитектот Ричард Ландри. Опремена е со луксузен дизајнерски мебел, а во дворот има и голем базен. Внатре во куќата има кино, спа-центар, уметничко студио, сауна итн.

Адел е верена: Пејачката планира да прави свадба летово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот