АБА2: МЗТ Скопје со три победи се враќа од Нови Сад

Фото: КФСМ

На затворањето на турнирот во Нови Сад, дерби, за горните позиции на табелата. И голема победа на МЗТ Скопје Аеродром против домаќинот на 4. собир оваа сезона во АБА 2 лигата – Војводина (89:84).

Ефикасна прва, уште поефикасна втора четвртина одиграа кошаркарите на МЗТ Скопје. Сјајен шутерски вовед имаа „сино-белите“ во првите десет минути од дербито на 10. коло во АБА 2 лигата. Реализираа шест тројки (од девет обиди). Предводник на тој ефикасен стил на игра беше Ворку, кој реалиира повеќеод половината поени, вкупно 24 во тие почетни моменти. Наградата за одличниот напад беше водство и тоа двоцифрено (24:12).

Уште поефикасно, овојпат и двете екипи, ја одиграа во втората четвртина. Минути во кои си разменија дури по 30.поени, и период во кој МЗТ Скопје имаше и плус 15 (42:27), а кој беше затворен со идентична предност како онаа која нашиот првак ја имаше по првата (54:42).

И 13 поени, но и пет асистенции кои беа креација токму на Ворку, и дури девет играчи кои се впишаа во листата на стрелци, што беше исто така важен момент во играта на екипата од Аеродром, која во тие 20.минути реализираше десет точни обиди зад линијата од 6.75 метри.

Во вториот дел работите малку се променија, МЗТ се соочи со проблеми во нападот. Ако во втората дадоа 30, во онаа наредната, „бело-сините“ едвај дотуркаа до 11 реализации. Војводина не блескаше, но новосаѓани истопија голем дел од високата негатива. И последниот период го дочекаа со само четири поени заостанување, (61:65).

А по неколку напади, односно три минути игра во последната четвртина, дури и преминаа во водство (66:65). Но Делалиќ и Баковиќ го одбија тој напад, го вратија нашиот тим во водство од пет поени (78:73), точно на средина од последниот дел.

Војводина се врати уште еднаш во водство, кога Николиќ погоди за (82:81). Но и „металците“ имаа свои адути за вака неизвесни завршници. Прво поентираше Баковиќ, а во следниот напад, нова тројка уфрли Расел, за промена на водството (86:82). На другата страна уште еднаш прецизен беше Николиќ, за (84:86). И 33 секунди до крајот, во кои прво Расел не погоди тројка, но МЗТ Скопје дојде до офанзивен скок, и доби нови 14.секунди.

Најефикасниот играч во редовите на МЗТ, Баковиќ погоди уште еднаш (негов 16.поен), за повисоки (88:84). Ракичевиќ не беше точен во обидот за три поени, а својата одлична игра на овој меч Баковиќ ја потврди со реализација на едно слободно фрлање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот