АБА лигата го казни Лесор, но во затвор нема да оди

Фото: Screenshot

АБА лигата денес ја соопшти казната за Матијас Лесор кој тргна да се тепа со Филип Петрушев во дербито против Црвена Звезда.

Лесор ќе мора да плати 10.000 евра затоа што го удри кошаркарот на Црвена Звезда, а исто така ќе биде суспендиран за следните три натпревари. До крајот на АБА лигата има уште пет кола, а Французинот ќе ги пропушти дуелите со Цедевите Олимпија, ФМП и Игокеа.

Црвена Звезда за овој случај поднесе и кривична пријава, меѓутоа обвинителството истата ја отрфли.

„Јавното обвинителство во Белград ја отрфрла кривичната пријава на КК Црвена звезда против кошаркарот на КК Партизан, Матијас Лесор за кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, бидејќи пријавеното дело не е кривично дело по кое може да се отвори постапка по службена должност.

Кривичната пријава е отфрлена, имајќи го предвид повеќегодишното работење на јавното обвинителство, а особено ставот на Апелациониот суд во Белград, кој уште во 2011 година презеде дека „учесници на спортски натпревари и манифестации, значи лица кои според статутот на спортската федерација, имаат статус на задолжителни и дозволени учесници на спортски натпревари или мафифестации, не можат да бидат сторители на ова кривично дело“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот