Еден тешко повреден во сообраќајка на скопската обиколница

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Вчера во 7.50 часот било пријавено дека на скопската обиколница, во близина на клучка „Стајковци”, патничко возило „фолксваген”, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(22) од с.Арачиново, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот и сопатникот С.И.(20) од с.Арачиново се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот