693 нови случаи на ковид-19, пријавени се 2 починати лица

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 1480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на ковид-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.

Регистрирани сe 827 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Македонски Брод, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77 г) и Богданци (77 г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Направени се 1480 теста преку: ИЈЗ – 199, ЦЈЗ Скопје – 80, ЦЈЗ Битола – 64, ЦЈЗ Прилеп – 16, ЦЈЗ Тетово – 35, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 143, Жан Митрев (Филип Втори) – 15, Авицена – 26, Биотек – 68, Систина – 47, лабораторија Лаор – 9, Синлаб – 7, Ремедика – 11, Плодност – 5, Генеа – 7, Никоб Лаб – 41, ВФВ Медикал – 3, Ели Медика Плус – 6, Ројал Медика – 4, Спектра – ММ – 3, Рапид Лаб – 3, Жан Митрев Струмица – 1, Нова Лаб Дијагностика – 1, Рамус – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 623.

Досега во земјата се направени вкупно 2 131 728 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333 360, бројот на оздравени пациенти е 319 717, на починати е 9400, а бројот на активни случаи изнесува 4243.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот