65 годишник пукал со ловечки карабин заканувајќи им се на синот и снаата

Фото: МИА

Вчера околу полноќ во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, 65 годишниот Р.Н со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син на возраст од 29 година и неговата 25 годишна снаа.

Тој испукал испукал еден куршум во воздух, а потоа се обидел физички да го нападне синот. Но, тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот