63-годишен гостиварец потегнал моторна пила во расправија со сопругата

Фото: Sara / Flickr

Жител на Гостивар, при расправија во семејниот дом, ѝ се заканувал на сопругата со моторна пила, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (63) од Гостивар. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 27.11.2024, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот со моторна пила упатувал закани по животот на неговата сопруга“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот