52-годишна мајка на свет ја донесе Јана во битолската болница „Плодност”, очекуваат породување и на 53-годишна пациентка

Фото: ПЗУ Болница „Плодност"- Битола

По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52-годишна мајка на свет ја донесе Јана, по пат на царски рез, со тежина од 2.600 грама, информираа од „Плодност”-Битола.

Во специјалистичката гинеколошко-акушерска приватна болницата „Плодност” очекуваат наскоро и породување на пациентка на 53-годишна возраст.

Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на инвитро-ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај, истакна примариус д-р Таше Трпчевски, шеф на тимот за реализација на ИВФ во „Плодност”-Битола.

Во болницата очекуваат породување и на пациентка на 53-годишна возраст, која исто така забременила по пат на инвитро-фертилизација-ИВФ.

Докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од се, а нашиот стручен тим се вложува до максимум, за да ја реализира таа нивна желба, информираа од „Плодност”-Битола.

Во 2022 година во „Плодност” беа извршени најголем број породувања со на свет донесени 703 бебиња, од нив 24 пара близнаци, 67 родени преку инвитро постапки, а 16 бебиња се родени со постапаката за породување во вода, метода која се изведува само во болница „Плодност”-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот