3 хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата сродна душа во наредните 2 недели – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

3 хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата сродна душа во наредните 2 недели

Месец април на некои им донесе вистински хаос, но на други неверојатни промени. Ако вашиот знак се наоѓа на оваа листа, тогаш спаѓате во втората група.

Месец април на некои им донесе вистински хаос, но на други неверојатни промени. Ако вашиот знак се наоѓа на оваа листа, тогаш спаѓате во втората група. Во наредните денови можете да очекувате ново познанство, но и љубов која ќе трае до крајот на животот.

1. Лав
За Лавовите овој месец беше навистина бурен и полн со настани. Но, како најдоброто да се чувало за на крај. Во последните недели од април ќе ги решите љубовните проблеми и конечно ќе ви се разјаснат некои работи. Без разлика дали е избор на партнер или барање на вашиот статус во врската, конечно ќе го добиете она што одамна го сакате. Можно е да се врати и некоја личност од минатото која ќе внесе немир во вашиот живот, но вие точно ќе знаете по кој пат сакате да одите.

2. Девица
Нежните и романтични Девици речиси никогаш не се задоволни со нивниот љубовен статус, но и нив ги очекува среќа. Во наредните 2 недели ќе сфатите кој навистина го сакате во вашиот живот. Сингл Девиците ќе имаат прилика да запознаат личност која ќе ги воодушеви, а тоа може да биде почеток на ново пријателство, но и прекрасна љубовна приказна. Во главно, припадниците на овој знак нема повеќе да бидат сами.

3. Риби
Втората половина од април ќе им донесе големи промени на Рибите, особено ако се подолго време во врска. Конечно ќе посакате да ја унапредите или да ја направите врската официјална. Ова е чекор на кој некои Риби се надевале, а некои не, но резултатот ќе биде позитивен и за двете групи. Ако сте сингл, не очајувајте. Ве очекува ново познанство кое може да се претвори во љубов каква што се случува само еднаш во животот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close