264 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 санкции за прекршоци што ги прават мотоциклистите

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 63 мерки за прекршоци што ги прават мотоциклистите, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник, девет санкции за некористење сигурносен појас. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот