249 починати во Мексико поради екстремните високи температури

Топлотен бран во Мексико / Фото EPA-EFE/Miguel Sierra

Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури. Најмалку 249 лица починаа во Мексико во последните четири месеци поради жештините, пренесува агенцијата Анадолија, a информира МИА.

Во периодот од 19 март до 22 јули починале 249 лица како последица на екстремно високите температури. Термометрите во Мексико кон крајот на јуни покажуваа 45 Целзиусови степени. Најголем број смртни случаи се регистрирани во Нов Леон, каде што животот го загубиле 100 лица.

Околу 92,4% од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.

Мексиканската Влада препорачува да се пијат најмалку два литри вода во текот на денот за да може полесно да се поднесат горештините и да не се излегува надвор доколку тоа не е неопходно.

Во истиот период минатата година 38 лица починаа од екстремни горештини во Мексико.

Националната метеоролошка служба (СМН) соопшти дека „ги доживеале најзашеметувачките денови во последните години“ во Мексико, каде што температурата надминувала 40 Целзиусови степени.

Светската метеоролошка организација соопшти дека топлотниот бран постојано се зголемува и светот би требало да биде подготвен за поинтензивни топлотни бранови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот