2.674 граѓани чекаат на државјанство, заменик-министерот Буши вели дека законот треба да се измени

EPA/GEORGI LICOVSKI

Вкупно 2.674 граѓани во моментов чекаат да добијат државјанство на Северна Македонија. 1.800 од барањата се наоѓаат во Агенцијата за национална безбедност, каде се прават безбедносни проверки, вели за ТВ21 заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Тој вели дека МВР не одлучува дали на некој граѓанин треба да му се издаде или не државјанство. Одлуката ја носи Агенцијата за национална безбедност, која не е во надлежност на МВР. Буши уверува дека со директорот на Агенцијата ветиле што побрз одговор на сите барања.

-Пред Новогодишните празници остваривме средба со директорот на Агенцијата за национална безбедност, каде главна тема беше прашањето за државјанство. Ветивме дека сите барања кои се наоѓаат во Агенцијата за национална безбедност ќе добијат одговор во најкус можен законски рок-рече Буши.

Во последните 4 години, односно во период од 2017-2020 година, според податоците на МВР, издадени се вкупно 2.671 позитивни одговори. Најголем број од барателите се Албанци.

Албанци
2017 – 527
2018 – 546
2019 – 439
2020 – 859

Македонци
2017 – 87
2018 – 60
2019 – 3
2020 – 150

Заменик-министерот Буши вели дека Законот за државјанство треба да претрпи измени, но како што рече, ова прашање е во домен на политиката која треба да постигне консензус, бидејќи МВР не може да го реши проблемот со државјанството, додава тој. Што се однесува до предлог-законот на албанската опозиција, според Буши, не може да помине целосно.

-Имаме предлог на пример, да се повлече Агенцијата за национална безбедност, што е нон-сенс, бидејќи во сите земји, секаде во светот, Агенцијата за национална безбедност треба да биде главна за издавање државјанство –вели Буши.

Кон крајот на 2020-та, опозициската коалиција Алијанса за Албанците-Алтернатива, во Собранието предложи нов закон за државјанство, но само неколку дена подоцна, истиот наиде на бројни критики од МВР. Ова ги интензивираше и обвинувањата меѓу власта и албанската опозиција, а од тогаш па досега, предлог-законот заглави во собраниска процедура. Првиот човек на МВР, рече дека Владата изготвува нов текст за решавање на овој проблем, но сѐ уште нема ништо на повидок. Албанската опозиција ова го нарече потсмевање со несреќата на луѓето без државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот