Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ќе се набават 100 амбулантни возила- објави Алиу

Министерството за здравство, согласно заклучок од седница на Владата ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти МЗ.

Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари, а во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

– Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини, појасни министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението.

Оваа инвестиција, додаваат од МЗ, е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.

Лекарите со години пријавуваат во полиција ако им дојде пациент што претрпел насилство, Алиу вели сега ќе може да го евидентираат и во „Мој термин“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот