18 годишно лице од Кондово претепал и држел во заложништво полицајци со пластичен пиштол

ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог против 18-годишен кондовец, бидејќи за време на полицискиот час држел во заложништво полицаец со вперен пластичен пиштол в глава, пишува СДК.МК.

Лицето се товари за кривичните дела Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Заложничката драма се случила во понеделникот, на полицискиот пункт во скопското село Кондово за време на полицискиот час. Додека двајца полицајци седеле пред полициското возило на пунктот, обвинетиот му пришол од зад грб на еден од полицајците, го фатил со левата рака околу вратот, а со десната на слепоочницата му вперил пластичен пиштол кој наликувал на вистинско оружје.

Потоа, на другиот полициски службеник му се заканил да не мрда затоа што ќе пука во неговиот колега.

„Вториот полициски службеник излегол од службеното возило и службениот пиштол го вперил кон обвинетиот, наредувајќи му да го пушти неговиот колега. Бидејќи обвинетиот не постапил по наредбата, туку започнал да се движи наназад, полицискиот службеник испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Во тој момент обвинетиот го пуштил нападнатиот полицаец“, велат од Обвинителството.

Полицајците му го зеле пиштолот, но во обидот да го совладаат и да го уапсат, кондовецот продолжил да дава отпор, па и ги натепал. Ги удирал со боксови, при што им нанел телесни повреди, контузии и гребаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот