15 цитати од Мајка Тереза поради кои ќе станеме подобри луѓе: Повеќе има глад за љубов и почитување, отколку за леб

profimedia

Мудрите зборови на оваа извонредна жена меѓу нас и денес се присутни, а носат длабоки пораки кои промовираат љубов и несебичност.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година во Скопје, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Позната е како Мајка Тереза, име кое се поврзува со добрина, хуманост и пожртвуваност. Нејзините дела и зборови останаа забележани во историјата.

Мудрите мисли и зборови на оваа извонредна жена меѓу нас и денес се присутни, а носат длабоки пораки кои промовираат љубов и несебичност. Нејзините пораки за мир поттикнуваат размислувања да станеме подобри луѓе.

Издвоивме некои од нејзините најубави цитати кои денес важат повеќе од било-кога.

profimedia

– Ако не можеш да нараниш стотина луѓе, нарани само еден човек.

– Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.

– Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.

– Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.

– Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголема сиромаштија.

– Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во тоа што го работиш.

– За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство.

– Мирот започнува со насмевка.

– Дочекувајте се едни со други со насмевка, зашто насмевката е почеток на љубовта.

– Пронајдов парадокс. Ако некого сакаш до болка, тоа значи дека болката веќе ќе ја нема, туку само многу љубов.

– Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.

– Што може да направиш за да го промовираш мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.

– Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост.

– Секој кој ќе ти се приближи, нека си замине од тебе подобар и посреќен.

– Повеќе има глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот